Охриѓанка заработи кривична пријава поради изнуда

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Б.П.(32) од Охрид, за сторено кривично дело „изнуда“. На 16.12.2014 година, околу 20,00 часот, од нејзиниот мобилен телефон се јавила и разговарала со З.А., за враќање на долг, што неговиот син и го должел. Истиот ден, околу 18,00 и 22,00 часот, во два наврати на мобилниот телефон на З.А. му се јавило непознато машко лице, кое му се заканувало по животот на неговиот син, доколку не го врати наводниот долг од 700 евра.