Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2014 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 708 535 МWh електрична енергија, 23.428 мил. nm3 природен гас, 502 542 тони јаглен и 79 437 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 78.2% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96.7% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.