Во Министерството за транспорт и врски се оддржа состанок на Координативното тело на кој се разгледуваше состојбата во поплавeните подрачја.
Според информациите од УХМР, за утре повторно се најавени врнежи од дожд со што се подига нивото на алармантност, посебно во југоисточните делови на земјата. Се очекува врнежите од дожд да бидат со помал интензитет и тоа до 15 L / m2.
Од Координативното тело препорачуваат сите градоначалници да бидат подготвени за новиот бран врнежи и да ги преземат потребните мерки.
Се апелира до сите градоначалници да ги стават на располагање сите ресурси и доколку им е потребна дополнителна помош да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување.
На сите возачи им се препорачува внимателно возење и информирање за состојбата на патиштата.