Костеска: На СДСМ на многу транспарентен начин му беа цитирани законските одредби и почитувањето и примената на законот

Во врска со реакцијата на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати директоркта на ЈОУДГ„Јасна Ристеска“, Розе Костеска, во која се вели:

„Во врска со повторното обраќање  на претставници од политичката партија на СДСМ, наводите за некакво си лажење и признавање, морам да се обратам до јавноста на овој начин и да истакнам дека во моето обраќање на ден 26.01.2015 година, на многу транспарентен начин му беа предочени одговори  и цитирани законските одредби и секако почитувањето и примената на законот. Но секако поаѓајќи од карактеристичниот стил на гореспоменатите, почитувањето на законот и работењето согласно закон значи ЛАГА. ( ЗА ТОА КОЈ ЛАЖЕ И КОЈ КРАДЕ ПОСТОЈАТ ИНСТИТУЦИИ КОИ ВОДАТ СМЕТКА ДА ГИ ПРИБЕРАТ И ЗАЧУВААТ ТИЕ АРАМИИ И ЛАЖГОВЦИ ШТО СЕКОЈ ПАМЕТЕН И ЧЕСЕН ГРАЃАНИН МНОГУ ЛЕСНО ЌЕ ПРЕПОЗНАЕ.)

Гледаме во медиумите некое набројување на активности кои се остварени од страна на предходната власт и очигледно авторот на тие активности многу се измачил десетгодишното работење да го наброи во дваесеттина точки, а ако успеале да ги издвојат интерпункцисаките знаци секако ќе покажеле поголема активност.

Во неколку црти ќе се осврнам на дел од тие активности кои можеби може да се сметаат за сериозни, особено за првата точка- Доградбата во „Централната“ градинка која што е толку градежно површно направена што проблемите секојдневно ги рашаваме. Само ќе Ви споменам со кои проблеми се соочуваме: Нерешена одводна инсталација која предизвикува целокупната смреда да останува во работните простории. Потоа вентилацијата која се изведувала со овој зафат не се извела во кујната за што имаме забелешки и наоди од инспекциските служби (записниците се достапни), а ова значи дека миризбата од кујната и влагата од неа се шири низ целиот објект. А магацинот за храна беше под вода кој проблем ние го решававме. И на крај во однос на оваа точка предходното раководство и локалната власт не ги платила обврските кон изведувачот па сега нека се дума  сегашната локална власт како ќе ги покрива долговите од оваа „сериозна“ инвестиција.  Не може да не се спомене и дека оваа „серозна“ инвестиција поради нерешен кров ни овозможува секојдневно да газиме по вирчињата и при најмали дождови.

  • Набројале дека набавиле 8 компјутери, не е точно набавеле 5.

Од кои компјутерот во канцеларијата на директорот не можеше да служи за ништо освен за огледало, избришани беа сите податоци.

  • Набројале 3 принтери а се 2.
  • Набројале ДВД во сите холови , а нема ни еден.
  • Набројале реновирање на санитарни јазли, а дел од санитарните јазли  ги држеа како магацини, а таму каде што залепиле некоја плочка го третираат како капитална инвестиција.
  • Набројале поплочени дворови, освен во Централна, никаде на друго место!
  • Набројале реконструкција на кровови, како тоа го направиле кога за ни еден објект немаа имотни листови и елаботрати кои ги обезбедуваме ние.
  • Сите набројување се толку површни, несериозни и дел од тековното работење на установата, па ако сакаат да ги сметаат како капитални инвестиции тоа е одраз на капацитетот на предходното раководство и на оние кои сега го величат истото.
  • Заборавиле да спомнат дека предходното раководство наместо да ги користи постојните капацитети за згрижување и воспитување на деца , две занинмални кои можеле да згрижат 50-60 деца ги издале на балетско и јога студија за  минимална кирија . Ова раководство е сериозно во работата и наместо да ги издава занималните таа ги полни истите со дечиња и им ја пружа неопходната нега и воспитување. Ова раководство го зголеми бројот на децата за 30 % односно од ц-ка 600 на 850 деца, со тенденција да се зголемува. Што значи дека родителите ја препознаа разликата во работењето кое е најтранспатентно и ни ги доверија своите најмили. Ова раководство отвори три нови групи во други услови и ако одиме во стилот на набројување со што се се опремени секако медиумите ќе останат без простор за други информации.

И на крај морам да споменам дека дваесет месечното раководење на ова раководство и Локална власт во никој случај не би сакале да го споредуваме, би били нихилистичко и понижувачко за нас со десетгодишното чмаење и зачауреност на предходното раководство.

И во оваа прилика морам да истакнам дека ваквите медиумски надмудрувања кои се обидуваат политичките структури да ги водат во никој случај нема да го намалат нашиот ентузијазам за обезбедување подобри услови во воспитно загрижувачката и образовната дејност.

Би ги замолила авторите на оваа медиумска пресметка да дадат конструктивни предлози за понатамошен развој на установата со што ќе им помогнат на дечињата –НАШАТА ИДНИНА да растат и престојуваат во подобри услови, наместо да ја трошат енергијата во пласирање на невистини.“– стои во реакцијата.