Кривична пријава за лице од Радолишта поради криумчарење

Регионалниот Центар Запад поднесе кривична пријава против Л.Л.(40) од с.Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “криумчарење”.

На 21.01.2015 година во 09.30 часот од страна на полициски службеници при ПС за ГН-Франгово на локалниот пат Струга-Радожда при контрола и преглед на ПМВ-марка “Мерцедес 190” со струшки регистарски ознаки сопственост и управувано од пријавеното лице на предното седиште од совозачот пронајдени се три најлонски кеси со риба пастрмка, односно 38 парчиња со вкупна тежина од околу 20 кг, за која пријавениот не поседувал соодветна документација од каде истата е набавена.