Претседателот на СДСМ со честитка по повод празникот Свети Сава

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, денеска, по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Р. Македонија и сите граѓани кои го празнуваат:

„На сите припадници на српската заедница во Република Македонија и на православните христијани кои го празнуваат, од мое име и од име на Социјалдемократскиот сојуз упатувам најискрени честитки.

Бидете во добро здравје, спокојни во срцето, подготвени да дарувате љубов, внимание и разбирање и истото нека ви биде возвратено.

Празникот Свети Сава поминете го во духовен мир и во кругот на вашите најблиски.

Нека овој голем празник биде поттик за вербата и надежта дека сите заедно, со меѓусебна поддршка и почит можеме да обезбедиме лична, семејна и општествена благосостојба“.-стои во честитката.