Во врска со вчерашната прес-конференција на директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Розе Костеска, реакција испрати ОО на СДМ Охрид, во која стои:
„Преку вчерашниот демант Директорката на градинката Розе Костеска всушност ги призна сите негативни забелешки за нејзиното работење кои беа истакнати на прес конференцијата од СДСМ. Во поглед на нејзиниот став за тоа што направила или не направила претходната Локална власт во градинката, ако директорката има кратко паметење како една од тогашните кадри во оваа институција во одреден период, да ја потсетиме нејзе и јавноста за тоа:
1. Доградба на објектот „Централна“ со површина од околу 500м2(три занимални,три санитарни чворови,трпазарија,магацин за храна- сите современо опремени)
2. Молерисување на ентериерот во пастелни бои
3. Молесрисување на надворешни фасади
4. Стружење и лакирање на паркети
5. Стружење и фарбање на стари плакари
6. Фарбање на надворешна и внатершна столарија
7. Доопременување со катчиња и дидактички матерјал за сите занимални
8. Опременување со современа опрема на просториите за продолжен престој
9. Опременување на дворните површини со реквизити за игра на отворено(дрвена куќарка,лизкалки,клацкалки,нишалки)
10. Инсталирање на домофони до секоја занимална
11. Поплочување на влезовите и дворовите
12. Реконструкција на покриви
13. Реконструкција на парната инсталација од каналска во видна до секое грејно тело
14. Набавка на парни котли
15. Реконструкција на санитарни јазли
16. Поставување на соодветна метална надворешна ограда околу дворните површини
Набавка на возила за транспорт
-ново возило со вграден термо-кинг за транспорт на храна марка Пежо
-ново комби со девет седишта марка Пежо
Набавка на техничка опрема
-Тв-приемник за секоја занимална и сала од обкјект
-ДВД-плеер за секоја занимална и сала од обкјект
-осум компјутери за администрација
-Три принтери
-фотокопирка
-Скенер
-камера
-прожектор,платно за проекција
-лаптоп
-пет фотоапарати
-озвучување
Набавка на апарати за одржување
-четири правосмукалки
-две машини за перење теписи
-една машина за чистење и полирање плочки
-две индустриски машини за миење садовии
-пет тревокосачки
-еден тример
-електрична машина за жива огрда
-апарат за швајцовање
Сето претходно е само дел од покрупните инвестиции, прикажано општо за сите објекти, во ЈОУДГ “Јасна Ристеска“ – Охрид во периодот на раководењето на СДСМ со оваа Локална самоуправа.
Само за потсетување, да знае јавноста кој лаже, а кој настапува со факти и аргументи.“- стои во реакцијата.