Реализиран превентивен проект за штетноста од користењето дроги

Регионалниот центар за гранични работи – „Запад“ во соработка со министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието како и со ОУ „Григор Прличев“ од Охрид, во истоименото училиште организираa заедничка активност од областа на превенцијата на тема – “Заедничка грижа за правилно насочување на учениците-Превенција од злоупотреба на дроги“. Активност којашто беше реализиран во рамки на програмта – “Родител-наставник“. Целна група на оваа активност беа ученици од VI-тите одделенија од наведеното ОУ (односно околу 80 ученици и наставници).

Во проектот како предавачи беа вклучени родители, вработени во МВР, за оддредената стручна област како што е превенција од злоупотреба на дроги. Инаку целта на проектот, покрај јакнењето на улогата на полицијата преку проактивен пристап – соработка со заедницата, беше преку едукација на младата популација да се идентификуваат причините што придонесуваат младите да започнат со експериментирање и употреба на дрогата, Потоа едукација за најчестите проблеми кои се поврзани со употребата на дроги како од здравствен, така и од психолошки, семеен, социјален аспект, со пособен осврт и на законските последици и санкции. Истовремено децата беа запознати не само за штетните последици од конзумацијата на дроги туку и штетите кои настануваат по здравјето од пропратните пороци што употребата на дроги ги носи (тутунот, алкохол, неконтролираното земање на лекови за смирување, за спиење и за ублажување на болката).

prevencija rc gr zapad 28.01.2015