Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, изнесува 100.7.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, бележи опаѓање од 6.6%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 5.0%.
Според главните индустриски групи, производството во декември 2014 година, во однос на декември 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.0%, Капитални производи за 47.1% и Трајни производи за широка потрошувачка за 16.9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 12.2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.2%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – декември 2014 година, во однос на периодот јануари – декември 2013 година, изнесува 104.8.