Нов снег во Охрид

Интензивни врнежи од снег попладнево го зафатија Охрид. Снегот формира снежна покривка и го отежнa сообраќајот.

Според информациите од УХМР, во текот  на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и локално ќе наврнат над 40 л/м2 дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег и се очекува зголемување на снежната покривка.

Исто така ќе дува засилен повремено силен југозападен ветер кој на места ќе достигнува брзина над 80 км/час.

Потоа продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините снег со послаб интензитет.

WebOhrid