Исчистен снегот во дворот на ОУ „Христо Узунов“

Денес во заедничка акција на ЈП „Охридски Комуналец“ и техничката служба при ОУ „Христо Узунов“ се исчистија патеките и дворот на училиштето каде што се движат учениците од снежната покривка која беше наврнета во текот на вчерашниот ден. Исто така беа отстранети и гранките кои претставуваат опасност при движење на учениците во дворот. Сето ова беше во договор помеѓу директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа и директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски.

HristoUzunovSneg02