Искршени дрвја од невремето – надлежните на терен

Со последните врнежи од снег и дожд повторно се забележани штети и скршени дрвја на територијата на општина Охрид. Екипите на „Паркови и зеленило“ се на терен и ја санираат штетата: се отстрануваат скршените гранки во близина на маркетот „Рамстор,  по градскиот кеј во близина на поранешното ПТТ одморалиште и  во стариот дел од градот- по патеката која ги поврзува месноста Кошишта со Горна Порта каде паднатите гранки ја оштетиjа оградата и клупите.

Во изминатите два дена покрај ангажирањето на вработените од оваа работна единица во расчистување на тротоарите по целата должина на „Булевар Туристичка“ и другите позначајни сообраќајници, се реализра и акцијата за отстранување на скршени гранки и стебла покрај патниот правец Косел-Вапила-Ливоишта, по претходно добиено барање од урбаната зедница од село Вапила.

0202201511121 0202201511151 FotorCreated2