Навремено исчистен снегот во општина Дебрца

Општина Дебрца се справува со невремето кое деновиве ја зафати и општината, каде наврнаа од 20 до 30 сантиметри снег, а делови од општината останаа без електрична енергија.

Снегот се чистеше навремено, со цел да не бидат отсечени селата.

Беше ангажирана целокупната механизација и човечки ресурси, а состојбата будно ја следеше и градоначалникот Игор Трајкоски.

Во однос на поплавите состојбата се следи постојано и засега нема опасност од излевање на речните корита, велат од општината.

555555 44444 888