Пронајдена дрога кај охриѓанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.М.(40) од Охрид, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“.

На 01.07.2014 година, во Охрид, извршен е претрес на тезга за продажба на земјоделски производи на пријавениот, кај кого во најлонска кеса е пронајдена 84,5 грама марихуана.