Флаер со препораки за заштита на здравјето во поплавените подрачја

Во моментот нема појава на заразни заболувања во сите поплавени региони во државата. Во моментов, водата за пиење не е безбедна во Штип, Пробиштип, Неготино, како и во селските подрачја каде поради заматување и физичко-хемиска неисправност, по препорака на центрите за јавно здравје е забранета од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Граѓаните во поплавените подрачја се снабдени со спакувана вода, а има и донации. Во местата каде е забранета водата за пиење има цистерни за вода за пиење. Исто така, флаери со препораки за населението во поплавените подрачја се диструбуираат преку центрите за јавно здравје и се изработени од Институтот за јавно здравје на Република Македонија во соработка со Министерството за здравство.

Во флаерите се дадени препораки како да се зачува здравјето, како да се подготвува храна, како да се одржува личната и колективната хигиена, и како да се употребува водата за пиење

Треба да се пие само безбедна вода за пиење, онаму каде не е прогласено дека таа вода е забранета заради заматеност или физичко-хемиска или бактериолошка неисправност. Во флаерите се дадени не само препораки за безбедна вода за пиење, туку и како да се одржува личната хигиена и да се консумира безбедна храна. Во овие подрачја имаме и пластеници каде се произведува овошје и зеленчук и се препорачува добро да се измие со безбедна вода и потоа да се консумира, а кога ќе помине првиот бран ќе се направи дезинфекција на детските градинки, на основните и средните училишта како и на здравствените установи. По исушување на земјиштето каде има поплавени подрачја и спроведената дезинсекција, во март треба да почне и првото прскање против комараци.

Д-р Јованка Костовска информира дека експерти од Институтот за јавно здравје и претставници од Министерството биле на терен и ги посетиле поплавените области, Чешиново Облешево и битолскиот регион.

Целта на посетите е навремено да се дадат препораки со цел заштита на здравјето на населението посебно од заразни заболувања. Беа одржани состаноци со здравствените установи каде им беа наложени сет мерки. Со цел заштита на здравјето на населението и со цел спречување на појава на потешки животно загрозувачки состојби, екипи од здравствените домови во Кочани и Битола постојано ќе бидат на терен во поплавените подрачја ќе го прегледуваат населението, ќе се консултираат во врска со нивните проблеми.

Во Облешево е воспоставен тим лекар-сестра кој ќе работи секојдневно од 10 до 14 часот.

Целта е во овој момент да превенираме тешки загрозувачки состојби и навремено да спречиме појава на заразни болести. Наложени се многу препораки посебно на центрите за јавно здравје. Во моментот нема појава на заразни заболувања во сите поплавени региони.

Во прилог е флаерот за последиците од поплави и како да се заштити здравјето на населението.

Flaer-za-poplavi