На седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија која се одржа денес беа донесени следните одлуки:
Управниот одбор на ФФМ го утврди времето и местото на одржување на редовното Годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија. Истото ќе се одржи на 15 март 2015 година во Скопје.
На седницата на Управниот одбор на ФФМ се усвои предлог дневниот ред и предлог деловникот за претстојното собрание.
Управниот одбор на ФФМ го усвои пречистениот текст на правилникот за регистрација, статус и трансфери на фудбалери.
На седницата на Управниот одбор на ФФМ се утврдија цените на билетите за квалификацискиот натпревар меѓу А репрезентациите на Македонија и Белорусија на 27 март.
Фудбалската федерација на Македонија овозможува бесплатен влез на Источната трибина за ученици од прво до деветто одделение, за деца без родители и од социјално ранливи категории за натпреварот Македонија – Белорусија.
Цените на влезници за Јужната трибина: Блок 1 и 6 – 100 денари; Блок 2 и 5 – 150 денари; Блок 3 и 4 – 250 денари; Централен дел (поранешен ВИП) – 400 денари
Цените на влезници за Северна трибина: Блок 13 и 19 – 100 денари; Блок 14 и 18 – 150 денари; Блок 20 и 24 – 200 денари; Блок 15 и 17 – 250 денари; Блок 21 и 23 – 400 денари
Цените на влезници за Западна трибина: Блок 25, 26, 27, 28, 29 и 30 – цена од 100 денари.
Управниот одбор донесе и одлука за приклучување кон донаторската акција на црвениот крст на Македонија за помош на погодените лица од поплавите со донација на вода за пиење и средства за лична хигиена.