Кооринативното тело известува (според информаците од УХМР) дека нов бран врнежи се очекува утре во вечерните часови и во петок попладне после 14 часот. Имено поинтензивен влажен бран со врнежи од дожд (локално над 25 л/м2) ќе има во петок, кога локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со засилен ветер.
Координативното тело исто така информира дека поради големото количество надојдена вода на река Црна поради рушење на 9-от канал и насипите, а со цел да не се поплави населеното место Новаци, денеска ќе се пресече Регионалниот пат 1311, делница р.Црна-Новаци.
Сообраќајот ќе се пренасочи према Новаци-Добромири-Горно Агларци-Дедебалци-Добрушево-Тополачани-Битола.
Координативното тело повторно упатува на следниве препораки:
· градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси,
· градоначалниците да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР,
· градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси (механизација, вреќи и нафта) веднаш да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување,
· градоначалниците да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови,
· континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите.
· ЕЛС да интервенира на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки,
· сите граѓани кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК,
· припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција
· возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ,
· Апел до месното население да помага и да се активира.
Надлежните институции се во постојана координација и комуникација, се со цел благовремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици.