Со повеќе активности ќе се одбележи патрониот празник на ОУ„Григор Прличев“

По повод патрoниот празник на ОУ „Григор Прличев“, утре во 18:30 часот учениците од Подрачното училиште „Григор Прличев“ во населба Рача ќе одржат свечена приредба.

Свеченостите продолжуваат и во петок со полагање на лаворов венец и свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во дворот на истоименото основно училиште, по што во 11 часот ќе се одржи панихида и ќе се положи цвеќе пред гробот на Григор Прличев.

Точно напладне во спомен куќата на Прличев ќе се одржи културно- уметничка програма, а веднаш потоа пред бистата на поетот кај Библиотеката ќе се положи свежо цвеќе. Во 13:00 часот во Библиотеката ќе се одржат, беседата и охридската визита.

Годинешните случувања посветени на ловроносецот, завршуваат попладнето во ЦК „Григор Прличев“, со ликовната изложба на цртежи од учениците од истоименото основно училиште и со свечената приредба која ќе се одржи по повод патрониот празник.

Во прилог програмата:

05. 02. 2015 год. (четврток)

18:30 часот
Свечена приредба во ПУ населба Рача

06. 02. 2015 год. (петок)

10:30 часот
Полагање на лавров венец и свежо цвеќе на бистата на Григор Прличев

11:00 часот
Прличева визита
Место: ОУ „Григор Прличев“

18:30 часот
Ликовна изложба и доделување на наградените творби
Место: Изложбен салон НУЦК „Григор Прличев“

19:00 часот
Свечена приредба
Место: НУЦК „Григор Прличев“.