Охридскиот екологист Лазо Наумоски, денес испрати еколошко заштитен извештај, по повод интензивните врнежи од дожд и големите поплави што се случуваат во Р. Македонија и пошироко на Балканот. Во продолжение, го пренесуваме целиот извештај:
„Површината на Земјината топка изнесува 510 милиони км².
70% од површината на Земјата е под вода, а само 30% му припаѓа на копнениот дел од планетата Земја на кој дел и живеат преку 7 милијарди жители.
За потсетување:
– Сите реки и езера од копнениот дел на планетата Земја располагаат со слатка водена маса од 160 000 км³ вода.
– 24 милиони км³ вода смрзната во вид на мраз се наоѓа на Арктикот и Антарктикот.
– Подземна вода во внатрешноста на земјата изнесува преку еден милион км³ вода.
– Во атмосферата во вид на водена пареа се наоѓа околу 14000 км³ вода.
– Во телата на живите организми и растенија
а) човекот
б) животните
в) шумски и градски зелени појаси
г) културните растенија кои човекот ги одгледува за своите потреби и севкупно сите гореспомнати фактори располагаат со 1200 км³ вода.
Водата во природата кружи.
Површинската вода од езерата, реките одредена количина со нејзиното испарување во вид на водена пареа преоѓа во атмосферата.
Подземната подпочвена вода исто така со помош на растенијата по пат на транспирација одреден процес преоѓа во атмосферата.
Со забрзувањето на процесот на климатските промени испарувањето на водата од површината на Земјата планета, односно нејзините водени екосистеми, слатководни езера, извори и реки, како и од внатрешноста на почвата, се зголемува, а со тоа водата што се наоѓа во атмосферата во вид на водена пареа од 14000 км³ огромни се можностите да се зголеми и до нејзино удвостручување.
Бидејќи водата во природата кружи, постојат реални можности да се врати во одредени региони на Земјината топка во вид на дожд, снег или град.
Балканот е поголем дел од Европа каде нема:
– гасификација
– масовно се врши експлоатација на шумските зелени појаси за огревно и техничко дрво
– се позачестени се шумските пожари, а со тоа и неповратно се уништува огромна површина од шумските зелени појаси
– индустриските објекти, термоцентрали, железарниците и топилниците, не ги почитуваат и применуваат еколошките стандарди во нивниот работен процес.
Балканот станува атмосферско легло со огромна количина на нечистотија во неговото поднебје. Нечистотијата од прав, тврди честички, саѓи и разни гасови, кога ќе дојде во контакт со водената пареа, односно влажни облаци, во атмосферата настанува процесот на нејзино кондензирање, односно нејзино претворање во дожд или снег со огромни можности да се истури на површината од Балканот и предизвика поплави со далекусежни еколошки последици.
Во интерес да се избегнат ваквите елементарни непогоди неминовно е:
– што побрзо да се гасифицира Балканот.
– да се сочуваат од уништување шумските зелени појаси за да се ублажат и забават последиците од климатските процеси
– градските зелени појаси во целиот Балкан да се површински позастапени и поголеми и во нив да доминираат дрвенести растенија со голема крошна и крупна лисна маса
– реките и каналите секогаш и во секое време да се длабоко исчистени за да можат да примат поголема количина на вода која брзо ќе се движи во самите реки и канали во правец на езерата и браните.
– исто така, со исчистените реки и канали се зголемува можноста подпочвената вода во плодните парцели да се држи на поголема длабочина во почвата, а со тоа и самата плодна почва ќе може да прифати поголема количина вода и истата брзо ја транспортира до реките и каналите. Водата нема да се задржи во плодниот слој од почвата, а со тоа се многу мали можностите плодниот слој од полавената парцела трајно да се изгуби, односно со водената маса да се префрли во езерата и реките.“– се вели во извештајот.