Битолски регион Во општина Битола, во атарот на с.Кукуречани, над селото појавено е свлечиште во должина од околу 30 метри. Во изминатите два дена, подигнат е насипот на р.Драгор во близина на селата Трн и Карамани. Исто така, подигнат е насип на Логовардскиот канал, со цел да се запре навлегувањето на вода во селото Логоварди. Во општина Могила, од страна на ЕЛС Могила се изработуваат списоци на стари и изнемоштени лица од населените места кои ќе бидат евакуирани во старски домови. Према повеќе населени места не функционира јавниот превоз на патници. Во селата Чарлија, Радобор и Ношпал, снабдувањето со вода на населението се врши преку Црвениот крст. Водите од селските водоводи во овие населени места се неисправни. Во општина Новаци, во текот на вчерашниот ден се вршела проверка на изградените насипи околу Новаци и се работеше на испумпување на вода од дворовите. Патниот сообраќај до с.Новаци поради просекување на патот се врши по патниот правец Новаци – Добрушево – Тополчани. Во текот на вчерашниот ден, Општинската организација на Црвен крст Битола по претходна првична проценка и информации извршија достава на хуманитарна помош за погодените подрачја, домови, во општините Могила, Новаци и Битола. Доставени се пакети со храна, хигиенски средства, Гумени чизми и Ќебиња. Во општина Прилеп, во текот на вчерашниот ден, вдолж течението на градската река на критичните точки кај с.Кадино Село интервенирано е со поставување на вреќи со песок од страна на ЈП „Комуналец“-Прилеп и ДЗС-Прилеп како не би дошло до излевање на водите од градската река. Од страна на ТППЕ Прилеп се вршело испумпување на вода од поплавените објекти. Водите од селските водоводи се забранети за употреба и во наредните денови ќе продолжи снабдувањето на населението со вода со цистерни а воедно ќе се дели и флаширана вода во поплавените подрачја. Во општина Долнени, во с.Средорек е извршено згрижување на 2 лица, на кои дел од куќата е срушена и поплавена. Со помош на месното население водата од поплавените простории е испумпана и извршено е обезбедување на гредите од покривот, како не би дошло до рушење на куќата. За семејството безбедена е еднократна парична помош, а преку Црвен крст-Прилеп обезбедени им се пакети со вода, храна ќебиња и сл. кои ќе им бидат дадени во текот на денешниот ден. Во општина Крушево, ЈП „Комуна“ – Крушево, известува дека заради обилните врнежи од дожд и зголемувањето на издашноста на изворите и подземните води можна е појава на загадување на водата за пиење. Од тие причини се известени граѓаните на селата Бучин, Св.Митрани, Пресил и Врбоец, да водата за пиење задолжително се преварува 10 минути, а потоа да се употребува за пиење. Поради врнежи од снег во текот на вчерашниот ден, тешко прооден е патниот правец за с.Радово, може да се користи само со теренско возило. Струмички регион Во општина Струмица, патните правци се проодни со исклучок на локалниот пат с.Просениково – с.Сарај, поради поплавување на мостот на реката Турија. За приод до с.Сарај се користи алтернативен пат. Во општина Радовиш, по течението на Ораовичка река на околу 300 метри под с.Ораовица, на повеќе места обрушен е брегот на речното корито, а во прекин е патот под течението на реката. Загрозени се повеќе објекти околу реката (викендици и фарми), Во горниот тек на Радовишка река над градот Радовиш, по цела должина оштетен и непрооден е пристапниот пат до Филтер станицата, од каде градот се снабдува со вода за пиење. Сообраќајот кај клучка Марвинци е пуштен само во правец Гевгелија – Марвинци, додека правецот Марвинци – Гевгелија, не е пуштен, поради водата на патот на подвозникот по кој и се одвива сообраќајот на тој патен правец. Штипски регион Водата во селата Облешево, Чифлик, Чешиново и Уларци е неисправна за пиење. Водоводот на селата Кучичино и Бурилчево е пуштен во употреба но водата не е исправна за пиење поради поплавувањето на пумпата (бунарот). Општина Чешиново-Облешево и ОО Црвен краст Кочани спроведуваат акција – делење на флаширана вода во населените места с.Чифлик , Чешиново, Облешево, Уларци, Кучичино и Бурилчево. Исто така се доставува вода за пиење со две цистерни во овие села. Во текот на денот оддржан е состанок на Кризниот штаб. Во општина Пробиштип насипот мостот на Злетовска река кај нм Ратавица е саниоран за движење на пешаци. Во прекин е сообраќајот за сите видови моторни возила патниот правец Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово. Не се санирани патните правци кон населениете места Јамиште и Зелениград. Во општина Берово е регистрирано свлечиште на ул.Јуриј Гагарин при што е загрозен еден сточарски објект. Во с.Црник во текот на вчерашниот ден е регистрирано свлечиште, но нема загрозени објекти. Во општина Виница, во селски населби Истибања, Пеклани и маала Драка од селото Калиманци, водата не е за пиење. Водата од овие водоводи се користи само како техничка. Со вода за пиење овие населби се обезбедени од цистерни од ЈП,,Солидарност Виница. Се работи на санација и расчистување на критичните места на водотеците. Скопски регион Во општина Петровец, состојбата на мостот кај с.Долно Коњаре е непроменета, односно поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња, има забрана на движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси на патниот правец Ржаничино – Долно Коњаре. Автобусите на ЈСП Скопје, кои сообраќаат на таа релација ги носат патниците до мостот, кои потоа го преоѓаат пешки, а на другата страна ги чека друг автобус.