Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2014 се издадени 305 одобренија за градење што е за 27.6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 472 932 илјади денари што е за 36.3% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 207 (67.9%) се наменети за објекти од високоградба, 30 (9.8%) за објекти од нискоградба и 68 (22.3%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 305 објекти, на 213 (69.8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 92 објекти (30.2%) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 795 станови со вкупна корисна површина од 64 441 м2.