Минатиот месец „алфите“ по рази основи привеле 265 лица

Во текот на минатиот месец припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција – Алфа при вршење на редовна мотопатролна дејност вкупно извршиле легитимирање на 1.220 лица, потоа преглед на 276 ПМВ, а по разни основи биле приведени вкупно 265 лица.

И тоа, по основ на телеграма 32 лица, Потраги, Гласник, Наредба од Основен суд – 11 лица, под сомнение за извршено кривично дело – 39 лица, по извршено кривично дело – 25, на лице место во вршење на кривично дело биле приведени 17 лица, за издржување на казна затвор – 14 лица, за утврдување на идентитет – 12 лица и за недозволени предмети приведени се осум лица;

Вкупно приведени лица по ЈРМ – 27
– Учество во тепачка – 7
– Физички напад – 9
– Омаловажување полициски службеник – 4
– Комар или други игри на среќа – 4
– Напад на службено лице – 2
– Останати прекршоци – 1

Вкупно приведени лица со оружје – 2
– сигнален пиштол – 1
– пиштол – 1

Вкупно приведени лица за поседување опојни дроги – 35
– НН тревкаста материја – 30
– НН прашкаста материја – 4
– НН материја – 1

Вкупно приведени лица со ПМВ – 33
– по телеграма – 22
– непоседување на соодветна документација – 1
– поради сомнение за извршено кривично дело – 1
– сообраќаен прекршок – 7
– сторен царински прекршок – 2

Вкупно приведени лица со ТМВ – 10
– не поседување на соодветна документација за товар – 10

Вкупна дадена асистенција при вршење претрес на дом и други простории – 18 и една асистенција дадена на други надлежни институции

– Предадени 22 лица поради нарушен ЈРМ
– Предадени 35 лица за сторен сообраќаен прекршок
– Предадени 86 странци со нерегулиран престој
– Предадени пет малолетници

– пронајдени и предадени 9 ПМВ и 17 други предмети кои потекнуваат од кривично дело
– предаден еден мотоцикл
– извршено едно обезбедување на лице место
– извршено едно обезбедување на протести и митинзи

Останати активности:
– во два наврати е постапено по ОА „Гора“ и извршен е спровод на четири лица.