Се зголемуваат цените на горивата

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 6,25%, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 3,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 26.01.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 3,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 26.01.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 26.01.2015 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 51,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 26.01.2015 година и со тоа цената на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,174 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 26.01.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 23,456 ден/кг.