Во Дебар пронајдено возилото на исчезнатото лице од Велешта

Едно патничко моторно возило марка „Ауди А4“ со струшки регистарски таблици вчера во 14 часот и 30 минути е забележано во близина на автобуската станица во Дебар.

Возило сопственост на У.К. од струшкото село Велешта е забележано од полициски службеници и истото било заклучено.

По обезбедување на резервниот клуч и по добиени насоки од јавниот обвинител, извршен е криминалистичко-технички увид при што во внатрешноста на возилото забележани се одредени предмети и повеќе траги од биолошко потекло.

Целокупниот пронајден материјал ќе биде предаден на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.