Денес и утре во Основното училиште „Григор Прличев“ се организира хуманитарна акција за помош на настраданите во поплавите во Македонија.
„Денешниот одзив беше навистина голем, а очекуваме акцијата да продолжи и утре. Собраната храна, вода, средства за хигиена, облека и сл. денес беше преземена од општинскиот Црвен крст. Се надеваме дека со нашиот скромен придонес барем малку ќе им помогнеме на оние на кои помошта во овие тешки денови им е неопходна. Ваквите акции ја зголемуваат свеста кај учениците и го поттикнуваат нивниот хуман развој.“ – вели директорката Силвија Мојсовска.