Во рамките на проектот „Зелени училишта, почиста околина, поздрав живот„ во организација на ОХО, Основното Училиште„Св.Климент Охридски„ – Охрид учествувше и изработи проект за заштеда на вода, со што се здоби со финансиски грант.
„Средствата од грантот беа строго наменски и поврзани со проектот. Така што во сите тоалети и спортската сала беа променети старите славини со нови „временски“ славини кои сами се исклучуваат по одредено време.“– вели директорот Пуроски.
Со оваа активност планирано е за 20-30% проценти да се намали потрошувачката на вода во однос на минатото.