Издадени одобренија за употреба на градежни објекти

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јули-декември 2014 се издадени 14 одобренија за употреба, а проценетата вредност на објектите изнесува 1 688 518 илјади денари.

Според издадените одобренија за употреба, 10 (71.4%) од вкупниот број на издадени одобренија за употреба се наменети за објекти од високоградба и 4 (28.6%) за објекти од нискоградба. 

Од вкупно 14 објекти, на 6 (42.9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 8 објекти (57.1%) инвеститори
се деловни субјекти.

Во извештајниот период се издадени одобренија за употреба на 54 станови со вкупна површина од 3 630 м2.