Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Ш.(51) од Охрид. Него му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.
На осми овој месец околу 10 часот во семејниот дом во Охрид, пријавениот започнал вербална расправија со неговата ќерка во која тој најнапред и упатил низа навредливи зборови. Потоа започнал да крши предмети од покуќнината и да ги фрла кон неговата ќерка, а во еден момент употребил и бехатон плочка со која се обидел да ја повреди. Откако не успеал, ја скршил масата и со дрвената ногалка ја нападнал својата ќерка силно удирајќи ја во пределот на левата потколеница и левата рака нанесувајќи и тешки телесни повреди.
Таа беше згрижена во болницата „Св.Еразмо“, а пријавениот И.Ш. кај кого не е констатирана алкохолираност, беше приведен во СВР Охрид и лишен од слобода.