Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во декември 2014 година изнесува 1 556 320 илјади денари што претставува намалување за 26.9 % во споредба со декември 2013 година.
Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 35.8%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 3.9%.
Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, фуражните растенија, алкохолните пијалаци, млекото и млечните производи, додека намалување се забележува кај: индустриските, градинарските растенија, овошјето и грозјето, добитокот, живината и јајцата и рибата.