Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, денес и утре ќе учествува на првиот Светски инаугуративен форум за развој и здравје на жените, кој се одржува во Њујорк. Таа ќе има свое обраќање на форумот како главен говорник и излагач на третата пленарна сесија на темата „Животен стил, медиуми и здравјето на жената“.
На отворањето на Светскиот форум ќе се обрати и генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун. Инаку, настанот се одржува во седиштето на Обединетите Нации и е во заедничка организација помеѓу Меѓународната научна фондација при Кралската академија на Велика Британија и Одделот за економски и социјални работи на Обединетите Нации. За време на престојот во Њујорк, Арсовска Томовска ќе оствари и бројни билатерални средби со свои колеги од светот, со кои ќе размени мислења и искуства во рамките на темата на форумот.