Министерството за култура – Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија информира дека до 15 април 2015 година заинтересираните национални и јавни институции и здруженија на граѓани можат да поднесат предлог-проекти за реализација на активности од областа на културата во рамки на Meѓународниот фонд на УНЕСКО за културна разноликост за 2015 година, директно на новата интернет-платформа за УНЕСКО.
Предлог – проектите треба да бидат во согласност со одредбите на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита и унапредување на разноликоста во културните изразувања.
Јасни и прецизни информации можете да најдете на интернет страната на Meѓународниот фонд на УНЕСКО за културна разноликост:
https://en.unesco.org/creativity/ifcd/apply
Формуларот за предлог проектот може да се најде на следниот линк:
https://en.unesco.org/creativity/applicationform/register
Со цел процесирање на барањето, апликантите треба да ги следат следниве постапки:
– Креирање на профил
– Логирање на интернет платформата
– Креирање и проследување на апликацијата
Напомнуваме дека сите апликации треба да бидат испратени преку официјалната интернет платформа, останатите форми на доставување на проектите нема да бидат прифатени.
Одбележуваме дека секоја држава – членка може да поднесе до УНЕСКО 4 предлог проекти (два чиј носител е национална/јавна институција и два чиј носител е здружение на граѓани) и во таа насока Министерството за култура – Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија ќе изврши он лајн пред-селекција на пријавените апликации, а конечниот избор ќе го направи Меѓународниот комитет на оваа конвенција при УНЕСКО во декември 2015 година.