Обука за гранични полицајци во соработка со Француската амбасада

Во рамките на билатералната техничка соработка, предвидена за 2016 година, Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во организација на Службата за внатрешна безбедност при Француската амбасада во Скопје, од денес до 16 април ќе организираат обука на тема ,,Зафати и професионални техники на интервенција“. Обуката ќе биде реализирана во Центарот за обука во Идризово и ќе биде наменета за 20 полицајци од секторот за граничната полиција и полициски службеници од полициските станици од сите Сектори за внатрешни работи. Оваа обука е дел од повеќегодишната серија на обуки наменета за обучувачи од овој домен, а истата ќе биде реализирана од страна на двајца експерти од Службата за меѓународна полициска соработка од Министерството за внатрешни работи на Франција. Инаку оваа служба веќе подолг низ години традиционално обезбедува обука за македонските полицајци од сите области, а посебно во областа на јавната безбедност и на специјалните единици (ЕБР, ПЕП и ЕСЗ).