Центарот за економски анализи (ЦЕА) и ФОРУМ- Центар за стратегиски истражувања и документација во соработка со ЦОРЗ Дебар, а поддржани од Делегацијата на Европската Унија во Македонија, ќе одржат презентација на наоди од Квартален мониторинг на буџетската транспарентност на Општините Струга, Охрид, Центар Жупа, Дебрца, Дебар и Вевчани.
Презентацијта ќе се одржи утре (четврток), со почеток во 14:00 часот во Хотел Дрим- Струга.
Настанот има цел да ги посочи наодите од кварталниот мониторинг на буџетската транспарентност за дел од општините од Југозападниот плански регион и да отвори дискусија за начините за нејзино зголемување. Притоа ќе бидат изнесени искуствата кои локалната организација ги има стекнато во текот на мониторирањето на буџетските процеси на општините, позитивните практики од соработката со општините, како и забелешките кои локалната организација ги има за поминатиот квартал.