Градоначалникот Трајкоски ги најави проектите за канализациони мрежи во Велмеј, Лешани и пречистителна станица во Грко Поле

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски денес одржа прес-конференција, на која ги најави проектите за реализација на канализациони мрежи во Велемеј, Лешани и пречистителна станица во Грко Поле.

Изградбата на системот за фекална канализација во село Велмеј ќе се состои од главен крак, колектор кој поминува низ средината на селото и кој ќе ги прифаќа останатите секундарни краци. Должината на канализационата мрежа изнесува Л=9354 м .

Во овој проект предвидени се вкупно 237 ревизиони и каскадни шахти. Секундарните краци ќе се поставени на начин, да ги зафаќаат отпадните води од сите објекти и по гравитационен пат да ги транспортираат до главниот крак од каде отпадните води ќе се водат во пречистителна станица. Вкупната вредност на проектот изнесува 17.473.679,00 денари додека вкупниот број на жители кои ќе бидат опфатени според проектна документација изнесува 700 жители (според пописот во 2002 год 511 жители).“– истакна Трајкоски.

Како втор значаен проект, Трајкоски го најави проектот за пречистителна станица во с. Грко Поле бетонска платформа, а исто така предвидени се и три засебни единици.

„Пречистителната станица ќе биде изведена по фази и тоа две единици ќе бидат монтирани веднаш со реализација на проектот додека третата во текот на експлатациониот период и приклучокот на двете села Лешани и Велмеј.Вредноста на пречистителната станица изнесува 8.000.000,00 денари.“- рече Трајкоски.

Како трет проект кој го најави е  започнувањето со реализација на канализација  во с. Лешани.

„Во овој проект, вкупната должина на канализациониот систем ќе изнесува 5343 м. По должината на трасата се предвидени вкупно 138 ревизиони и каскадни шахти. Вредноста на проектот изнесува 12.845.676,00 денари. Вкупниот број на жители на опфатеност според проектна документација изнесува 700 жители (според попис во 2002 год 484).“- додаде Трајкоски.

Трајкоски напомна дека сите овие проекти ќе бидат финансирани со средства од ИПА програмата на ЕУ и проектот од Светска Банка за подобрување на општинските услуги што се спроведува преку Министерството за финансии.

Општина Дебрца и понатаму ќе продолжи со започнување и целосна реализација на проекти.

„Нашата цел е осовремување и модернизација на Општина Дебрца со што нашата работа во целост е насочена кон она што преставува интерес на жителите на Дебрца и развој на самата Општина.“– заврши градоначалникот Трајкоски.

WebOhrid