Осветен храмот „Покров на Пресвета Богородица“ во Лешани

Денес, во 21 Недела по Педесетница, во Неделата на светите Отци, и на празникот на преп. мч. Лонгин Антиохиски и на преп. Лонгин Печерски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, изврши осветување на параклисот посветен на празникот Покров на Пресвета Богородица, во манастирот „Сите Светии“ во с. Лешани, општина Дебарца, Охрид. Параклисот започна да се гради во 2012 година, а се изгради со манастирски средства и со донациите на сите добронамерни верници. По осветувањето, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на…

повеќе...

Кривична пријава за жител од Лешани кој ја претепал својата жена

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при семејно насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.М (35) од селото Лешани. Пријавениот, казненото дело го сторил во семејната куќа во селото Лешани. Тој започнал жестока расправија со неговата сопруга Г.М.(29), упатувајќи и низа навредливи зборови и пцовки, а потоа применил и физичка сила кон неа, удирајќи ја со нозе и тупаници по целото тело. Од силината на ударите, оштетената Г.М. побарала медицинска помош по што била пренесена во Општата болница во Охрид.

повеќе...

Сите патишта водат кон манастирот „Сите Светии – Си Свети“ во Лешани

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот посветен на Сите Светии, во народот познат како Сисвети. Манастирот „Сите Светии“ кој се наоѓа во Лешани, во областа Долна Дебрца, Охридско е единствениот манастир во Македонија кој е посветен на сите светии. Голем број верници од вчера го посетуваат манастирот, палат свеќи и се молат за здравје и среќа. За многу години! WebOhrid

повеќе...

Пуштено во употреба Основното училиште во Лешани

Денес свечено беше пуштено во употреба реконструираното основно училиште во Лешани, кое ќе прерасне во подрачно Основно училиште во рамките на ОУ „ДЕБРЦА” – с.Белчишта.  Реконструираниот објект ќе значи комплетно нови услови како за учениците, така и за наставниот кадар. Имено со пуштењето во употреба на училишната зграда, ќе се овозможи настава за ученици од прво до деветто одделение, кои наставата ќе ја следат во поприријатни услови. Училишната зграда се простира на површина од околу 400 квадратни метри со 6 училници, кои ги задоволуваат сите стандарди и нормативи за реализирање…

повеќе...

Културниот дом во Лешани прераснува во Основно училиште

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во работна посета во селото Лешани каде интензивно се работи на санацијата на Културниот дом. Се работи за темелна санација на стариот Културен дом во Лешани, кој ќе прерасне во подрачно Основно училиште во рамките на ОУ „ДЕБРЦА” – с.Белчишта, реконструираниот објект ќе значи комплетно нови услови како за учениците, така и за наставниот кадар. Во рамките на објектот ќе има посебно одвоен простор кој ќе биде на располагање за локалното население, со што ќе добијат простор каде што ќе можат меѓусебно да…

повеќе...

Започна асфалтирањето на локалниот пат Злести-Лешани

Градежната оператива денеска ги постави првите асфалтни метри од локалниот пат од с.Злести до Манастир „Сите Светии” во с.Лешани. На асфалтирањето му претходеше проширување и тампонирање на банкините како и крпење на ударните дупки. Реконструираниот локален пат ќе биде со должина од 1800 метри, со ширина на асфалтен коловоз од 3 метри и банкини од 0,75 метри од двете страни на асфалтниот коловоз, односно вкупната ширина на новиот коловоз ќе биде 4,5 м. „Градежните активности на патот се одвиваат одлично и се очекува да биде завршен во скоро време.“ –велат…

повеќе...

Во тек е реконструкција на локалнот пат од Злести до манастирот „Сите Свети” во Лешани

Деновиве започнаа  градежните активности во врска реконструкцијата на локалниот пат што го поврзува селото Злести со манастирот „Сите Свети” во селото Лешани. „Ќе биде реконструирана вкупна должина на локалниот пат од 1800 метри. Реконструираниот локален пат ќе биде со ширина на коловозот од 3,0 метри и банкини од 0.75 метри од двете страни на коловозот, односно вкупната ширина на новиот коловоз ќе биде 4,5 м. Трасата ќе се води и прилагоди према постојниот пат. На трасата моментално се врши проширување и тампонирање на банкините, во следната фаза ќе се изврши…

повеќе...

Партерно се уредуваат чешмите во Лешани

Партерно се уредува чешмата која што се наоѓа на плоштадот во селото Лешани, така што се изгради настрешница од метална конструкција покриена со шиндра и се санира оградата, информираат од Општина Дебрца. Исто така ќе се постават и дрвени клупи со што ќе се добие ново уредено катче за најмладите. Чешмата кај чинарот  ќе биде партерно уредена, со што ќе се поплочат патеки со травертин,ќе се постават дрвени клупи и ќе се уреди изворот, додаваат оттаму.

повеќе...

Градоначалникот Трајкоски ќе оствари средби со жителите на Велмеј и Лешани

Се известуваат жителите на селата Велмеј и Лешани дека Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски ќе оствари средба со жителите од селата Велмеј и Лешани, во врска со изградбата на канализациона мрежа. Средбата во Велмеј ќе се реализира утре, со почеток во 20:30 часот,  а со жителите од Лешани ќе се реализира во недела, со почеток во 20:30 часот. На состанокот ќе бидат презентирани проектите за изградба на канализационите мрежи.

повеќе...

Масовно одбележан празникот „Сите Светии – Си Свети“ во Лешани

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот посветен на Сите Светии, во народот познат како Сисвети. Манастирот „Сите Светии“ кој се наоѓа во Лешани, во областа Долна Дебрца, Охридско е единствениот манастир во Македонија кој е посветен на сите светии. Голем број верници го посетија манастирот, палеа свеќи и се молеа за здравје и среќа. За многу години! WebOhrid

повеќе...