Средба помеѓу претставници на ОК ВМРО-НП Охрид и ОБСЕ

Претставници на Општинскиот комитет на ВМРО – Народна партија во Охрид, деновиве остварија средба со претставници на ОБСЕ. На средбата беше разговарано за актуелните случувања во градот, активностите на партијата и состојбата во Општина Охрид.

„Претставниците на ОБСЕ беа запознаени за се поголемиот притисок врз членовите на ВМРО – Народна партија во Охрид и дејствијата кои Локалната власт ги прави врз нив. Сметаме дека меѓународните организации треба да бидат запознаени за демократските капацитети на власта и како таа се однесува кон опозиционерите и кон сите оние кои имаат различно мислење од неа.“ – информираат од ВМРО-НП Охрид.