Запален контејнер на улица „Пере Тошев“

Многу често ЈП „Охридски Комуналец“ се соочува со проблемот на комплетно уништување на јавната опрема и јавни добра кои треба да им служат на сите наши сограѓани. Утрово дежурните екипи затекнаа комплетно уништен пластичен контејнер на улицата „Пере Тошев“ кој беше изгорен од запалив отпад депониран во самиот контејнер. Оваа локација се наоѓа во близина на градинката „Росица“ и тука беа поставени три контејнери за депонирање на комунален отпад.

„Честа е појавата на депонирање недогорени остатоци од отпад во контејнерите од страна на несовесни граѓани со што доаѓа до самозапалување на отпадот. Истото претставува не само проблем за нас, туку и за случајните минувачи и останатите жители зошто може да предизвика штети од поголем размер.“– велат од претпријатието.

Оттаму упатуваат апел до граѓаните да внимаваат што депонираат во контејнерите, а истовремено ги повикуваат инспекциските служби да ги санкционираат несовесните граѓани.

kontejn2 (1)