Хуманитарна акција на ЦОУ „Дебрца“

Ученичката заедница при ЦОУ „Дебрца”, заедно со учениците, во соработка со вработените, родителите и Локалната самоуправа на Општина Дебрца, спроведе хуманитарна акција за помош на поплавените подрачја во Македонија.

„И овој пат како и многу пати досега топлината на луѓето од овој крај особено на нашите ученици прерасна во вистински бран на несебична помош за нивните врсници, за сите оние кои ја почувствуваа суровоста на водените стихии. Пратени од помислата дека и на нас може да ни се случи истото, дечињата од училиштето покажаа дека знаат да бидат и големи луѓе,со широко отворени души.“- велат од училиштето.