Во рамки на проектот „Со креативност и младински активизам против говорот на омраза“, во недела (15-ти февруари) со почеток во 13 часот на плоштадот Св. Климент –Охридски ќе се одржи танцувачка точка на која ќе настапат 30 ученици од охридската гимназија . Младите преку танцот ќесе обидат да испратат позитивна порака против говорот на омраза и да допринесат во подигнување на јавната свест за говорот на омраза.
Организатор на случувањето е Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и истото е подржано од општина Охрид.