Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 15-ти февруари (недела), во црквата „Света Богородица“, – Каменско – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Сретение Господово“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високо-преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
На светата литургија ќе има и ракополагање во ѓаконски чин.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.