Индекси на прометот во секторот Трговија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во декември 2014 година, во споредба со декември 2013 година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 1.9%, а реално за 2.2%).

Во групата Трговија на мало, освен трговија со горива, прометот номинално е зголемен за 0.2%, а реално остана на исто ниво.