Оделението за прекуграничен криминал миграција странци и реадмисија при РЦ за ГР “Југ“ поради постоење основано сомнение до надлежното ОЈО поднесе кривични пријави против тројца грчки државјани А.П.(40), К.Т.(34) и П.Р.(50), како и против непознато лице за сторени кривични дела – “криумчарење мигранти“ по член 418-б став 4, “загрозување на сигурноста“ предвидено и казниво по член 144 став 3 в.в. став 1 и “предизвикување општа опасност“ предвидено и казниво по член 288 став 1 од од КЗ на Р. Македонија.
Имено, пријавените по претходен договор прифатиле и превезувале лица со илегален влез и престој во Р.Македонија, а првопријавениот и второпријавениот биле во улога на преходница (чистачи). Горенаведените прифатиле ги превезувале илегални мигранти во близина на Гевгелија, со намера да ги превезат до Скопје. Но од страна на цивилниот тим од РЦ за ГР Југ кај место викано Градец на магистралниот пат Удово-Неготино во правец на Неготино забележани се три возила со грчки регистарски таблички, и истите штом го забележале полициското возило веднаш ја зголемиле брзината на движење во правец на Неготино при што напред одело ПМВ марка “Мазда 6“ кое веројатно било во улога на “чистач“ а по неа се движеле ПМВ “Опел Вектра“ и “Ауди 4“.
Од страна на полициските службеници на истите на сооддветно место пред Неготино им бил даден светлосен (ротационен) знак за застанување но возилата не постапиле по наредбата туку напротив ја зголемиле брзината на движење притоа наишле на патролата која била поставена на клучка Неготино каде од страна на УПС од ПС за ГН Михајлово, на видно обележано место со флуроцентни елеци и светлосни стоп палки им бил даден знак за застанување. Во тој момент ПМВ “Мазда“ кое било напред нагло го свртело во правецот кон УПС при што истите со цел да избегнат да не бидат прегазени одскокнале преку лимената ограда од автопатот. А возилото присилно застанало бидејќи патот му бил попречен од возилото на РЦ за ГР Југ.
При контролата е утвдено е дека “маздата“ ја управува А.П., а како совозач бил второпријавениот К.Т. Другите две возила и покрај обидот да им биде попречено натамошното движење, продолжиле со бегство при што “Аудито“ ненадејно и брзо свртело десно и преку бензинска пумпа се приклучило на стариот пат Неготино-Демир Капија каде на отприлика 200 метри во непосредна близина на Железничката станица било престигнато од страна на возилото на РЦ за ГР Југ и му било попречено натамошното движење по што возачот, односно третопријавениот П.Р. бил лишен од слобода и при извршениот преглед на возилото внатре биле пронајдени шестмина илегални мигранти (петмина од Ирак на возраст од три до 27 години како и едно лице сириски државјанин на возраст од 25 години).
Третото ПМВ “Опел Вектра“ продолжило со бегство во правец на Градско по автопатот при што од страна на полициски службеници од РЦ за ГР Југ и ПС за ГН Михајлово била продолжена потерата. Ова ПМВ потоа на клучка Градско се исклучил од автопатот и продолжил со бегство кон Велес по стариот пат. Во Градско непосредно пред полициската станица од страна на УПС од ПС Градско му бил даден знак за застанување но истото, но тоа не застанало и продолжи со движење со уште поголема брзина. Кај клучка за село Виничани возилото запрело и од него излегле, односно биле истуркани исто така шестмина илегални мигранти (сите од Ирак на возраст од три до 46 години), по што возилото продолжило во непознат правец.
Од страна на Судија на претходна постапка на пријавените лица им е изречена мерка притвор во траење од по 30 дена.