СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.К.(29) од Охрид, поради сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и против И.С. за „овозможување на употреба на наркотични дроги“.
На 10-ти јуни минатата година во Охрид на бул. „Туристичка“ од страна на полициски службеници е извршен преглед над патничко возило, управувано од И.С., а во кое бил М.К. и уште едно лице, на кои И.С. им овозможил да уживаат хероин во возилото, а при извршен преглед над М.К. е пронајдена 0,98 грама хероин кој го набавил од непознато лице од Струга.