ПС Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ. (57) од с. Биџево, струшко, и против правниот субјект ГТД „ТРИМ“ ДОО Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Пријавениот како управител на ГТД „ТРИМ“ увоз извоз Охрид ДОО, како инвеститор, без согласност од станарите и без решение, започнал со градба на настрешница-гаража во двор на колективна станбена зграда, која се состои од метална конструкција затворена од три страни. Од страна на градежна инспекција при општина Струга донесено е решение за отстранување на градбата.