Управата за јавни приходи ги објави Насоките за пресметка и уплата на придонеси на приходи од договори за дело, авторски договори и други договори (види линк http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/500) кои се усогласени со најновите измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и во кои може да се најдат повеќе информации за тоа кој е обврзник за плаќање и обврзник за поднесување на пресметка и за уплата на придонесите, основица и стапки за пресметка на придонесите, важни напомени за правните лица – исплатувачи на надоместоци по договори, рокови за поднесување на МПИН пресметки и за плаќање на придонесите, новиот клиентски софтвер (МПИН образец), поднесување на МПИН пресметка или исправка од страна на правно лице – исплатувач и порамнување.
Исто така, објавен е и Калкулатор (види линк http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/503) кој служи како помошна алатка за утврдување на основицата за пресметка на придонеси по основ на приходи (бруто и нето надоместок) од договори за дело, авторски договори и други договори со кои е определен надоместок за извршената работа.