Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и оваа година успешно ja претстави Македонија како туристичка дестинација на “HOLIDAY & SPA EXPO 2015” саем за туризам во Софија, Бугарија кој се оддржа од 12-15ти Февруари.
„Успешните промотивни активности на АППТРМ на туристичкиот пазар во Бугарија, континуираната медиумска кампања во печатените медиуми и на веб порталите позитивно се одразија на зголемување на број на туристи од Бугарија кој изминатата сезона изнесуваше повеќе од 10%. Остваривме средби со тур оператори од Бугарија меѓу кои: Global Tours, Bohemia Travel, Viva travel agency, Modern Travel, Del и Mondo Travel и од истите очекуваме Македонија да биде во нивната туристичка понуда”, изјави директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Кристијан Џамбазовски.
Неколку години по ред имаме успешно саемско промовирање на овој туристички пазар, со нов модерен штанд кој ги истакнува главните туристички потенцијали и атрактивната туристичката понуда на Македонија. На саемот беше организирана прес конференција на која обраќање имаа директорот на АППТРМ, г-дин Кристијан Џамбазовски и заменик амбасадорот на Македонија во Бугарија, г-дин Гоце Георгиевски. Се презентираа туристичкиот потенцијал на Македонија, промотивните активности на АППТРМ, како и туристичките развојните зони во Р.Македонија. По настанот сите присутни во салата беа поканети на коктел на кој се дегустираше македонско вино и истиот беше организиран на штандот на Република Македонија.