Кооринативното тело известува (според информаците добиени од УХМР) дека во недела 22-ри февруари, под влијание на влажен бран од Медитеранот се очекува обилни врнежи на дожд. Дождовите ќе бидат во западните и јужните делови каде локално се очекува да наврнат над 20л/м2, а на планините снежната покривка ќе се зголеми.
Координативното тело повторно упатува на препораките до Градоначалниците, ДЗС, ЦУК, ЕВН АРМ и МВР.
· градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси,
· градоначалниците да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР,
· градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување,
· градоначалниците да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови,
· континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите.
· ЕЛС да интервенира на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки,
· сите граѓани кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК,
· припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција
· возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ,
· Апел до месното население да помага и да се активира.
Надлежните институции се во постојана координација и комуникација се со цел благовремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици.