Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре 22-ри фавруари (недела), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи вечерна богослужба, по повод празникот „Прочка – Поклади“, со почеток во 16:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Се известуваат православните верници дека од утре, 22-ри до 26-ти февруари, во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, секое утро со почеток во 7 часот, ќе се служи утринска богослужба со часови и вечерна, а пак, вечерта во 16 часот, ќе се служи големо повечерие со канонот на свети Андреј Критски.
Од Дебарско-кичевската епархија напоменуваат дека од понеделник до четврток богослужби ќе има само во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид.