Во организација на Велосипедската Федерација на Македонија во четвртокот се одржа манифестацијата Најдобар Велосипедист 2014, при што беа доделени трофеите, пехарите, признанија и дипломи на велосипедистите според севкупниот успех за изминатата сезона и рангирањето според дисциплини и категории. Манифестацијата се одржа во пријатен амбиент на бродот – ресторан Панини на брегот од езерото Младост во Велес.
Одличната подготвеност на велосипедистите од Екодром изминатата сезона, уште еднаш само се потврди со високо постигнатите резултати и освоени севкупно 8 одличја:
Планински Велосипедизам:
Екодром – златен Трофеј за освоено екипно прво место според ранг листата, трофеј со кој се гордееме редоследно трета година – Шампион во Планински велосипедизам,
Јован Јованоски – категорија Јуниори, златен Шампионски Пехар за освоено прво место, редоследно четврта година
Петар Упевчески – категорија Јуниори, сребро и освоено второ место според ранг листа, Вицешампион редоследно втора година,
Новица Велјаноски – категорија Кадети, златен Шампионски Пехар за освоено прво место, редоследно втора година,
Друмски Велосипедизам:
Екодром – бронза за освоено екипно трето место според ранг листата,
Новица Велјаноски – категорија Кадети, сребро за освоено второ место – Вицешампион
Јоков Јованоски – категорија млади Кадети У15, бронза и освоено трето место,
Вело Крос:
Јован Јованоски – категорија Јуниори, бронза за освоено трето место