Жител на Велешта го застрелал својот брат

Синоќа во 00:15 часот во Полициската Станица – Струга Б.Н.(34) пријавил дека неговиот брат А.Н.(44) од с.Велешта, струшко, го удрил со рачка од пиштол во пределот на главата.

Б.Н. е пренесен во МЦ-Струга, при што му е констатирана и прострелна рана во пределот на слабината. Истиот е вон животна опасност и контактибилен. А.Н. со ПМВ го напуштил местото на настанот и е во бегство.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на А.Н. и целосно расчистување на настанот.